Ева Лонгорија е на седмо небо од среќа откако се вери за омилениот Хозе Антонио Бастон. 40-годишната актерка немала трпение повторно да застане пред олтарот, иако има два неуспешни брака зад грб со Тејлор Кристофер и Тони Паркер. За оваа свадба ѕвездата е цврсто решена да биде неодолива и затоа се обратила за помош кон блиската другарка Викторија Бекам, која ќе ѝ го избере совршениот фустан.f11d2c0e5e5e7d47e153b063bc52f83c

“Викторија ми помага да најдам совршен фустан. Таа секогаш знае што ми стои добро и е една од ретките кои искрено ќе ми ја кажат вистината, ако изгледам смешно “, изјави латино  ѕвездата за списанието Closer.

“Викторија и Дејвид се неверојатни пријатели и таа дури ми помага да организирам моминска забава. Нема да биде толку лудо колку моите претходни, туку релаксирачки спа викенд со девојките “, додаде Ева.

Лонгорија откри дека би сакала да се омажи тајно, но нејзините роднини и пријатели немало да ѝ го дозволат тоа.

“Многу сум возбудена за свадбата. Сакав со Хозе да се венчаме само двајцата на некој далечен остров, но семејството и пријателите нема да ми го дозволат тоа … особено Викторија “, изјави Лонгорија.

Слични содржини