Вилијам тажен за одлуката на брат му Хари: Не можам веќе да го подржувам

од Ивана Рамаданова
224 прегледи

Цел живот го поддржвав брат ми, но веќе не можам, рече принцот Вилијам во првата изјава откако принцот Хари и неговата сопруга Меган одлучија да се откажат од сите кралски должности и со тоа го шокираа кралскиот двор.

Војводата од Кембриџ рече дека е тажен заради одлуката на принцот Хари да се одвои од кралското семејство и затоа што кралското семејство „ веќе не е екипа“, наведува „Сандеј тајмс“.

„Цел живот го поддржував брат ми и го штитев, но веќе не можам. Ние сега сме два одвоени света. Тажен сум поради тоа. И се што можеме да направиме, се што можам да направам, е тоа да ги подржиме и да се надеваме дека ќе дојде денот кога повторно исто ќе мислиме. Сакам сите да бидеме во една екипа“, му кажал  Вилијам на еден свој пријател.

Британското кралско семејство утре ќе се состане за да ја разгледа натамошната иднина на војводата и војводката од Сасекс, откако двојката во средата соопшти дека ќе се повлече од должноста на „виши“ членови на кралското семејство и ќе стане финансиски независна, пишува британскиот весник.

Слични содржини