Главна задача на Реал Мадрид по финалето на Лигата на шампионите е да го продолжи договорот со Виничиус Жуниор, пишува „Marca“. Актуелниот договор на фантастичниот 21-годишен Бразилец истекува во 2024 година, но Реал не сака да паничи и мора да го обнови договорот или потенцијално да го загуби.
Виничиус експлодираше оваа сезона, постигнувајќи 21 гол и 20 асистенции на 50 натпревари, што претходно во Реал успеаја само Карим Бензема и Кристијано Роналдо. Бразилецот е еден од клучните играчи на „белите“ оваа сезона и како што тврди „Marca“, долгорочно сметаат на него на „Сантијаго Бернабеу“.
„Виничиус моментално е еден од најслабо платените играчи во првиот тим на Реал. Тој заработува 3,2 милиони евра по сезона, како Себаљос, Ваљехо и Лунин, а тоа е платата што ја имаше кога дојде во Мадрид и таа не е променета. Но, во Реал се свесни дека нема да може да го задржи под такви услови и да му понуди огромна плата“, пишува „Marca“ и продолжува:
„Реал ќе му понуди договор до 2028 година со годишна плата од десет милиони евра без бонуси и ќе ја подигне клаузулата за обештетување. Таа моментално изнесува 350 милиони евра, а во новиот договор ќе биде една милијарда евра, што значи дека Реал ќе сака да го зачува долго време“.
Клучен човек за одличната сезона на Виничиус е, како што пишува „Marca“, Карло Анчелоти кој го ослободи Бразилецот и тој одигра на својот максимум. Тој е третиот играч по минутажа сезонава, постигнувајќи гол на секои 99 минути, а според „Трансфермаркт“, само Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд моментално се повредни од него.