ВИРАЛНО ВИДЕО: Да не се заборави средбата на Вулин и куче кое може да намириса кокаин

од Stefanija Kuzmanovska
772 прегледи

Директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) Александар Вулин е во фокусот на светската јавност откако беше објавено дека е ставен на црната листа на Соединетите Американски Држави (САД). Вулин е санкциониран за вмешаност во меѓународен организиран криминал, нелегална трговија со наркотици и злоупотреба на јавна функција, а споменатиот случај потсети на една интересна ситуација која се случила додека тој ја извршувал функцијата министер за полиција.

Имено, тогаш се појави видео од посетата на министерот Вулин на полициските единици.

Се изгледа нормално, министерот лежерно ги прегледува единиците, до еден момент, пренесува „Нова.рс“.

Некаде на крајот на обиколката, Вулин наидува на полициско куче, кое имаше интересна реакција.

Станува збор за куче тренирано да бара наркотици.

Да потсетиме, американското министерство за финансии објави дека Вулин одржувал взаемно корисни односи со српскиот дилер на оружје Слободан Тешиќ, кој исто така е под санкции на САД, помагајќи му слободно да ги пренесува своите илегални пратки на оружје преку границите на Србија.

„Акциите на Вулин промовираа корупција во владините институции во Србија. Овие дела вклучуваат користење на неговиот авторитет за лична корист, вклучително и вмешаност во синџир за трговија со дрога. Тој ги искористи своите јавни позиции за да ја поддржи Русија, овозможувајќи го малигното влијание на Русија, а со тоа ја намалува безбедноста и стабилноста на Западен Балкан и ѝ обезбеди на Русија платформа за дополнително да го прошири своето влијание во регионот“, се вели на веб-страницата на министерството за финансии.

Слични содржини