Вчера беше забележан мал број на заразени, но повторно висок број на починати лица. Министерот за здравство напомена дека бројката на вчерашните новодијагностицирани е мал, но тоа, како што вели, е очекувано, бидејќи секогаш во недела има помалку направени тестов
– Утрешниот ден ќе биде навистина некаков репер дали тој тренд на намалување на новодијагностицирани што беше и траеше во текот на изминатата недела ќе продолжи, нешто што е многу значајно и во однос на тоа како ќе пристапиме во делот на препорака за натамошните превентивни мерки, така и во делот на планирање на болничките капацитети, рече Филипче.
Во земјава пристигна нова донација на вакцини од Обединетите Арапски Емирати.Министерот за здравство, Венко Филипче, дека овие вакцини ќе бидат наменети . Хронично болните согласност системот.
-Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, што за краток временски период се обезбеди оваа донација. Симболот на оваа здравствена криза е солидарноста, напиша Филипче.
Лекувањето ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денар
Министерот за здравство Венко истакна дека на денешниот работен состанок со вицепремиерот Љупчо Николовски било разговарано за измената на Законот за здравствена заштита.
Министерот посочува дека измените на Законот за здравствена заштита се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства.
„Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Ова е заклучокот на ГККШ, предводен од претседателот на Владата Зоран Заев, кој предлог утре ќе се најде на седница на Влада“, додава Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978.