Вирусот полека спласнува, во пресрет на празниците да покажеме одговорност

од Берта Китинска
273 прегледи

Вчера беа регистрирани 592 нови случаи, а починаа 21 лица.Најголемиот број на заразени се од Скопје. Епидемијата полека стивнува, но надлежните се уште апелираат да се почитуваат мерките и да нема групирање за празниците.

Д-р Соња Лазароска, специјализантка на Клиниката за уво, нос и грло упати апел

– „Една од најважните работи по непреспиените ноќи и жртвувања целиот овој изминат период е денот кога нашите излекувани пациенти се враќаат во своите домови, меѓу најблиските. Оваа пандемија нé обедини сите, во грижата и солидарноста и во пронаоѓањето на вакцината, која е надеж за целото човештво. Знам дека на сите целата ситуација ни е макотрпна и стресна, но во пресрет на празниците да ја покажеме нашата одговорност. Да ги почитуваме мерките за заштита и да не се групираме, изјави Лазароска.

Македонија ќе добие вакцини против ковид-19 и од Австрија

Македонија ќе добие вакцини против ковид-19 и од Австрија, која ќе даде 5 отсто од своите и за земјите од Западен Балкан, соопшти амбасадорот во земјава Георг Вуцас во новогодишната честитка.

„На новата 2021 година гледаме оптимистички. Австрија не само што ја поддржува Северна Македонија со итно потребните медицински средства. Австрија исто така ќе даде на располагање 5% од сопствените дози на вакцини против ковид-19 за Западен Балкан. Европската унија не би била комплетна без интеграцијата на Западен Балкан. Токму затоа Австрија, во рамки на процесот на интеграција, максимално се залага за што е можно поскоро одржување на првата меѓувладина конференција во 2021 година“, вели Вуцас, чија земја ја поддржа преговарачката рамка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 80407, бројката на оздравени пациенти е 57434, на починати е 2375, а бројот на активни случаи изнесува 20598.

 

Слични содржини