Продолжува намалувањето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година.
Вчњера беа направени се 1.024 тестови, а регистриран е 41 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции.
Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел од нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.
Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.