Виски продавано по 10.000 долари за чашка во швајцарски бар било лажно

од desk2
96 прегледи

Една чашка од вискито Macallan, произведено во 1878 година за кое еден Кинез платил 10.000 долари во хотел во Швајцарија всушност било дестилирано меѓу 1970 и 1972 година.

Измамата била откриена откако експерти за Шкотско виски допатувале во Швајцарија за да направат тестови, јави 20 Minuten.

Конечно дојде до разврска на случајот кој во медиумите се дозна во август годинава.

Почна кога еден Кинез влегол во барот Devil’s Place Whisky Bar во луксузниот Waldhaus Hotel во Сент Мориц, и покажал особен интерес за реткото виски Macallans.

Барот, кој има колекција од виски призната и од Гинисовата книга на рекорди, имал избор од 47 видови виски, рангирани од седум франци со 10.000 франци за чашка.

Муштеријата избрал шише виски означено како да е произведено во 1878 година, за што платил 9.999 франци или 10.000 долари, за 20 милилитри.

Според онлајн сајтот, специјалист за ретки вискија, потврдил дека етикетата на шишето е лажна.

Според наталожениот јаглерод вискито е произведено меѓу 1970 и 1972 година.

По откритието за измама, сопственикот на хотелот Waldhaus, Сандро Бернаскони, заминал во Пекинг да му се извини на муштеријата и да му ги врати парите.

„Вообичаено е во Кина да ја признаеш грешката“, рекол тој.

Бернаскони рекол дека е важно да се знае дека Швајцарците се чесни луѓе и не учествуваат во измами.

Секако, немало лутење. Двајцата заминале заедно на ручек, каде разговарале за вискија.

Кинезот рекол дека ги цени чесниот гест на Бернаскони.

Тие се фотографирани каде држат симболичен ваучер на сума од 9.999 франци.

Бернаскони рекол дека шишето виски е купено пред 25 години од неговиот татко кој го водел хотелот.

„Никогаш не се посомневавме дека шишето не е оригинал“, вели Бернаскони, пренесе 20 Minuten.