Високиот функционер на Хамас, ал-Арури, убиен во израелскиот напад на Бејрут

од Vladimir Zorba

Палестинската милитантна група Хамас потврди дека во денешниот израелски напад врз предградијата на Бејрут е убиен нејзиниот висок функционер Салех ал-Арури.

Вкупно шест лица загинаа во нападот што ги погоди просториите на Хамас, јавува либанската телевизија Ел Мајадин. Израелската армија се уште не го коментираше инцидентот.

Претседателот на Ликуд, партијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Дени Данон ги пофали израелските безбедносни сили на социјалните мрежи за убиството на ал-Арури.

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич на социјалната мрежа Х напиша: „Нека исчезнат сите наши непријатели“. Од друга страна, израелските медиуми посочуваат дека е испратена директива од Владата со која се наложува министрите да не зборуваат јавно за нападот на Бејрут.

Салех ал-Арури бил заменик лидер на Хамас во странство и наводно играл важна улога во организацијата на терористичките напади на Западниот Брег, пишува „Тајмс оф Израел“.

Слични содржини