Вкупно 52 години затвор за тројцата обвинети за убиството на ракометарот Денис Тот

од Nikola Popovski

Основниот кривичен суд во Скопје денеска ги прогласи за виновни тројцата обвинети за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот. Судот досуди затворска казна од 18 години за обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски, обвинетата Клементина Левковска доби исто така 18 години, а третобвинетиот Андреј Костовски е осудене на казна затвор од 16 години.

Обвинетиот Ѓорѓиевски со неверување ја прими пресудата.

-Судот ги задолжува обвинетите солидарно на секој од законските застапници на покојниот Тот и неговата мајка и татко на име на материјална штета за смртта на нивниот син да им платат износ од по 9 милиони денари, а на братот на Тот да му платат износ од 8 милиони денари, во рок од шест месеци сметано од денот на правосилноста на пресудата, соопшти судијката.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

-По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, стоеше во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Судот ги зема во предвид сите отежителни и олеснителни околности.

Случајот го водеше судијката Елена Илиевска – Јосифовиќ.

Слични содржини