Ако се двоумите каква храна да приготвите на овие високи температури  ние ви предлагаме  вкусна салата со намирници од култури коишто веќе се одгледуваат и во нашава земја и ги има на сите добро снабдени пазари.

veg

Потребно Ви е:

-листови од марула,

-едно врзопче рукола,

-една нелута пиперка,

-краставица,

– 1 поголем домат.

За прелив:

  • една лажица сенф (по Ваш вкус)
  • една лажица оцет (по Ваш  вкус)
  • две лажици маслиново масло
  • сол по вкус

Сите намирници издробете ги во еден подлабок сад и прелијте ги со вкусниот прелив и по желба додадете ленено семе, сончоглед и семки од тиква.

Слични содржини