„Вкусно и точка“ – рускиот аналог на „Мекдоналдс“

од Vladimir Zorba

Поранешниот ланец на ресторани „Мекдоналдс“ во Русија го доби името „Вкусно и точка“, објави денеска новиот сопственик пред официјалното отворање, пренесе АФП.

Новото име е „Вкусно и точка“, рече Олег Пароев, генерален директор на новата групација на прес-конференција во Москва.

Мекдоналдс ги затвори сите 850 објекти во Русија на 14 март, веднаш по почетокот на војната во Украина. На 16 мај, компанијата го објави своето повлекување од Русија и нејзиниот бизнис беше продаден на претприемачот Александар Говор.

Слични содржини