274
Брзо и вкусно јадење од рерна…
СОСТОЈКИ:
1/2 кг спанаќ
1-3 парчиња млад кромид
200 мл млеко
1 лажица кисела павлака
200 гр сирење
3-4 чешниња лук
3 јајца
масло
сол
бибер
зачин
малку кашкавал
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете сечкан млад кромид па додајте сечкан лук и сечкан спанаќ. Испржете да испари течноста. Тргнете од рингла, додајте малку зачин, сол и бибер. Сирењето издробете го со вилушка, додајте павлака и млеко и изедначете.
Кога спанаќот малку ќе се излади, додајте сирење со јајца и измешајте. Намастете огноотпорен сад со масло па ставете го спанаќот. Посипете со рендан кашкавал, печете околу 35 минути на 200 степени и подолго да испари течноста. Пред крај на готвењето во средина ставете едно јајце.