ВЛАДА: Бројката на жртви во трагедијата во Тетово може да порасне

од Берта Китинска
273 прегледи

Во тетовскиот КОВИД центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има 10 жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот, информираа од Влада доцна во ноќта.

-Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.Пред малку заврши итниот кризен штаб кој се одржа во Општина Тетово со највисокиот државен врв, а за утре во 10 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на реашавање на трагедијата во Тетово, соопштија од Влада.