Влада: Деца од социјално загрозени семејства ќе одат на седумдневен одмор

од Nikola Popovski

Владата на Република Северна Македонија на деннешната редовна седница ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на проектот за користење услуга за одмор и рекреација на деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за лето 2022 година.

Притоа, го задолжи Министерството за труд и социјална политика  да донесе Програма за седумдневен одмор на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за сезона лето 2022 година, за што ќе биде објавен повик на веб страната на Министерството за труд и социјална политика и во Центрите за социјална работа, по што ќе бидат преземени потребните активности за ефикасна реализација на овој проект.

Слични содржини