409
Влегуваме во клучниот период во борбата против коронавирусот. Сега е најважно, секој од нас, без исклучок, најодговорно да ги почитува мерките за лична заштита, порачуваат од Владата.
Оттаму велат дека ако сите, без оправдувања, ги почитуваме мерките воведени од здравството и епидемиолозите, ќе успееме бројот на новозаболени да го сведеме на минимум.
-Доколку сега не воведеме целосна контрола врз вирусот, ни претстои долга и тешка битка и закана по нашето здравје, нашата економија, нашето секојдневние.Од сите нас зависи. Придонеси во битката со КОВИД-19 – носи заштитна маска, одржувај дистанца и редовно дезинфицирај!, велат од Влада.