Влада: Финансиска поддршка на регионалните системи за управување со отпад

од Nikola Popovski

На денешната своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион.

Владата ги задолжи Министерството за финансии во соработка Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во овие региони.

Слични содржини