Влада: Формирано е координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на ЕП

од Nikola Popovski
242 прегледи

Владата на Република Северна Македонија на денешната 68-ма седница донесе одлука за формирање Координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2020, одложено од минатата година, а кое ќе се одржи годинава.

Координативното тело има за цел да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Северна Македонија на ова европско натпреварување.

Македонската репрезентација на Евро 2021 ќе игра во групата Ц, на мегдан со Холандија, Австрија и Чешка. Отвараме против Австрија на 13 јуни 2021 година на „Arena Națională“ во Букурешт. Во 2. коло на 17 јуни Барди, Елмас, Пандев, Велковски и останатите ќе ги вкрстат копјата со Украина на Шевченко исто во Букурешт, а во последното 3 коло на 21 јуни како шлаг на тортата играме против Холандија на „Јохан Кројф Арената“ во Амстердам (стадионот на Ајакс).

Слични содржини