Влада: Категорично ја демантираме дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци

од Марта Пешевска
132 прегледи

Владата на Република Северна Македонија категорично ја демантира дезинформацијата дека албанскиот јазик станува задолжителен за сите основци и дека тоа е причината за оставка на заменик министерот Атанасов и бара од порталите Инфомакс, Маркукуле, Нетпрес, Курир и Вечер да ја повлечат лажната објава, да им се извинат на граѓаните и да информираат дека направиле фото монтажа со цел да делуваат манипулативно.

На ваков начин, преку неточни информации, фото монтажи и други манипулации се прават обиди за вознемирување на граѓаните и за нарушување на заедништвото во нашето општество.

Граѓаните имаат право да бидат точно информирани, а за таа цел сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес.

Јазиците на нашите заедници не смеат да служат за заплашување и манипулирање, напротив тие се непроценливо богатство на нашиот културен мозаик.

Соопштение од Влада