Влада: Намалување на горивата, акцизите и ДДВ

од Nikola Popovski

Со дел од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, за заштита на животниот стандард како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесува сега, ќе се намали за 10,5 денари и треба да изнесува 75 денари, додека бензинот наместо 91,5 денари ќе се намали околу 11,5 денари и треба да изнесува 80 денари, соопштија од Владата.

Овие намалувања на цените на бензините и другите нафтени деривати произлегуваат од мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан, како и од мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.

-Со намаленото ДДВ за нафтените деривати практично се намалува цената на енергенсите за граѓаните со што имаме заштита на животниот стандард од една страна, а од друга страна преку мерката се зголемува ликвидноста и солвентноста на компаниите, а намалувањето на акцизите се заштитува куповната моќ на потрошувачите со директно влијание врз малопродажната цена на овие енергенси, и тоа за околу 1,2 денари, односно 2,3 денари, односно 4,7 денари, вклучувајќи го и ефектот од намален износ на ДДВ за износот на намалена акциза.

Дополнително, со мерката за ослободување од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, се ослободуваат увозниците на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување, од плаќање на данок на додадена вредност при увоз на овие добра, со што се овозможува подобрување на ликвидноста и профитабилноста на компаниите, појаснуваат од Владата.

Слични содржини