Влада: Посебниот режим за движење продолжува да важи до 6 април

од Берта Китинска
212 прегледи

Од Влада информираат дека продолжува да важи забраната и посебниот  режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот

-Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април, соопштија од Влада.

Министерото за здравство Венко Филипче вчера посочи дека доколку се зголеми притисокот врз болниците  можни се  дополнителни рестрикции.

-Полицискиот час продолжува. Забраната за движење е од 22:00 часот до 05:00 часот наутро. Комисијата за заразни болести во текот на следните денови согласно епидемиолошките анализи ќе утврди дали се потребни и дополнителни рестрикции. Апелирам на почитување на здравствените мерки и протоколите, информираше  Филипче.

Слични содржини