Влада: Разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог

од Берта Китинска

Од Владата информираат дека предлог решенијата кои премиерот Зоран Заев ги доставил вчера во Софија се основа на португалскиот предлог.

-За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија.Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија за што добра основа е португалскиот предлог.Решенијата мора да водат грижа за двете страни односно да ги адресираат прашањата кои се важни и за МК и за БГ. Такви решенија се можни, за да се дојде до нив неопходен е дијалог, а сега еве и дијалогот е повторно на маса.Оттука, не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија кои се споделуваат низ дел од медиумите, велат од Влада.

Слични содржини