Владата да излезе на референдумско изјаснување, бара Стоилковски

од Nikola Popovski

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска порача дека Владата не треба да бега од референдумско изјаснување и не треба да се плаши од народот.

-Влада што навистина постигнала историски успех нема зошто да се крие од народот. Доколку владата на ДУИ/СДСМ сметаат дека постигнале нешто големо, нека излезат на референдум пред народот, изјави Стоилковски пред зградата на Владата.

Стоилковски истакна дека само народот е суверен во секоја држава, дури и во Македонија.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи измени на Уставот.

-Овој процес е штетен и опасен за Македонија. И мора да биде ставен пред народот, рече Стоилковски во своето обраќање.

Слични содржини