Владата донесе одлука за отворање нови конзулати во Хрватска и Турција

од Nikola Popovski

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа 65-та седница. Премиерот и министрите на почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадоа почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година.

Владата, на предлог на Министерството за надворешни работи, одлучи и да бидат отворени два нови конзулата: почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Хрватскa, со седиште во Риека и почесен конзулат на Република Северна Македонија, во Република Турција, со седиште во Сивас.

Слични содржини