На денешниот состанок на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на кластерите за угостителство при стопанските комори беа појаснети мерките, како и прилагодување на истите согласно потребите и барања.
-Владата ќе излезе во пресрет на угостителите, ги увиде пропустите и ќе ги коригира со измени на уредбите. Разговаравме за нови мерки како и на темата да се прилагодуваме за времето кога ќе почне состојбата да се опоравува и да се нормализира работењето на стопанството – рече Ангеловска.
Министерот Бектеши информираше дека состанокот со туристичко-угостителскиот сектор бил многу конструктивен, бидејќи се отвориле прашања за нивни дополнителни барања со цел за полесни користење на владините мерки за поддршка на бизнисот погосен од здравствено економската криза предизвикана од Коронавирусот.