Владата го поништи назначувањето на прв човек во СВР Тетово кое Чулев го направи во изборен период

од Aleksandar Todeski
403 прегледи

Владата со мнозинство гласови одлучи да ја поништи незаконската одлука на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој во изборен период го назначи Гоце Јанкуловски за началник на СВР Тетово.

Оваа одлука владата ја донела на 18 февруари, со што го врати Амир Далипи на чело на Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, во изјава за „Локално“ претходно реагираше дека одбила да го потпише назначувањето, со што Чулев го прекршува и Законот за влада, каде е јасно наведено дека за назначувањето мора да има потпис и од дополнителниот заменик-министер.

„Прептоставувам дека е свесен за тоа, но за жал тоа е негово толкување. Јас не потпишав од тие причини, бидејќи Законот е јасен“, рече Петровска.

 

 

Слични содржини