204
Владата го заолжила техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев да утврди механизам и да изнајде начин за да го реши проблемот со пасошите, велат од владината прес служба по синоќешната седница.
„Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата во врска со актуелната состојба и проблемот со издавање на патни исправи од страна на Министерството за внатрешни работи, и го задолжи ова министерство да утврди механизам, односно методологија и критериуми за начин на издавање на патни исправи до 24.03.2020 година, за кога е најавена испорака на дополнителна количина на обрасци на патни исправи“, соопштија од владата.