Вечерашните разговори меѓу Владата и СОНК не вродија со плод, па оттаму се поизвесен е штрајкот закажан за 11-ти април.
-Немаме краткорочно решение со кое веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапуваме. За жал никаков процент и бројки не беа изнесени на маса. Излегуваме разочарани што немаме што да пренесеме на јавноста и членството, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков после средбата со членовите на Владата околу зголемувањето на платите на дејностите кои се под капата на СОНК.
Според него, очигледно несериозно се сфаќа дека ќе има генерален штрајк на 11-ти април, кој што може да има сериозно последици на сите, вели тој.
-Ни рекоа дека зголемувањето од 18,4 % колку што бараме ќе дојде до потрес на буџетот, но и поради инфлацијата, што не се согласуваме, рече Неделков пред новинарите.