Владата јавно го објави францускиот предлог преведен на македонски јазик

од Nikola Popovski

Владата попладнево на официјалната веб-страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство, преведен на македонски јазик:

Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ

Предлог заклучоци на ЕУ

Заеднички став на ЕУ

„Предлогот во кој се вградени забелешките на Валадата од денеска е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која започна утрово со состанок на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски со членовите на владината коалиција.  Во текот на денот и во следните денови, Владата продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата“, стои во соопштението од Владата.

Слични содржини