Владата одлучи: Нема повеќе маски на отворено, ќе може да се организираат свадби

од Nikola Popovski
238 прегледи

Владата доцна попладнево ги усвои препораките од Комисијата за заразни болести, но ќе стартуваат од утре откако прво ќе бидат објавени во Службен весник.

Почнувајќи од денеска, 1 јуни, утврдени се следните измени и дополнувања:

– Се укинува носењето заштитна маска на отворено и се препорачува да се носи кога лицата се во поголема група. Останува задолжителното носење заштитна маска во јавен превоз, такси превоз и во сите затворени простори;
– Се дозволува присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30% од вкупниот капацитет на посетители;
– Се укинува забраната за групирање на јавен простор;
– Се дозволува организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор (летни тераси) до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум 6 лица на маса;
– Се зголемува бројот на лица на една маса во угостителските објекти од 4 лица на 6 лица со обезбедување дистанца помеѓу лицата на масата;
– Се препорачува укинување на мерката за работа во смени и од далечина; и
– Продолжува да важи забраната за движење од 24:00 до 04:00 до 15.06.2021 година.

На оваа седница Владата го донесе Протоколот за организирање свадби/прослави и веселби.

Слични содржини