Владата со препорака до општините да ги исполнат обврските за сезонско прскање против комарци

од Aleksandar Petrovski

Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за здравствените проблеми кои можат да бидат предизвикани од комарците како пренесувачи на заразни болести и го прифати акцискиот план за нивно контролирање.

Владата им препорачува на единиците на локалната самоуправа континуирано и целосно да ги спроведуваат мерките од акцискиот план кои предвидуваат ларвицидна дезинсекција во 6 наврати, терестичката дезинсекција  (на возрасни комарци) која треба да се изврши во 5 (пет) наврати, како и мерката за постојани информирање и едукација на населението во единиците на локалната самоуправа.

Слични содржини