Владата воведува флексибилно работно време и двосменско работење за администрација

од desk2
126 прегледи

Флексибилно работно време и двосменски работење се промените кои Владата на седница денеска ги прифати .

Владата ќе флексибилно работно време за вработени во државната управа кое ќе почнува помеѓу 7.30 и 8.30 часот, а ќе завршува помеѓу 15.30 и 16.30 часот. Должината на работниот ден ќе остане иста и ќе биде 8 часа. Освен ова планирани се промени, односно двосменско работење во службите кои работат управни работи и кои имаат директна комуникација со граѓаните. Кај нив работата ќе се одвива двосменски од 7 до 14.30 часот и од 14 до 21.30 часот. Првата сабота во месецот за нив ќе биде работна.

Одлуката за промена на работното време ќе стапи на сила  од 1 септември.

Mинистерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски потенцира дека како што беше најавено во Програмата на Владата, со оваа одлука исто така се регулира и двосменското работење на одредени институции, како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав. Работното време во овие институции ќе се одвива од 7 до 14 часот и од 14 до 21часот, како и првата сабота во месецот со време на работа од 8 до 16 часот.

 

Промената на работно време и воведување втора смена беше еден од проектите кои СДСМ ги најави во програмата за парламентарните избори кои што поминаа.

– Ова е една од мерките коишто Владата ќе ги преземе во насока на овозможување подобри услови за вработените во јавната администрација. Исто така, со оваа мерка сакаме да им излеземе во пресрет и на родителите коишто во различно работно време почнуваат со работа. Очекуваме оваа мерка да придонесе кон намалување на сообраќајните гужви особено во големите градови пред почетокот и по завршувањето на работното време, рече министерот Дамјан Манчевски.