Владее со земјата 68 години, а преживеа секс-скандали, голи фотографии, мито и шокантни исповеди

Почетокот на годината беше тежок за британското кралско семејство, особено за кралицата Елизабета Втора, која е на чело на монархијата. Поглаварката на Англиската црква најпрво се соочи со веста дека нејзиниот внук принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се откажуваат од своите титули и се селат во Канада, а сега и нејзиниот најстар внук Питер Филипс се разведува од својата сопруга.

Елизабета Втора минува низ тешко време последниве години бидејќи кралското семејство е под лупа на јавноста и се нижат скандали. Најдолгата владетелка, која е на чело на монархијата 68 години, се соочи со бројни проблеми. Нејзиниот внук Хари ја потврди врската со актерката Меган Маркл. Ја замоли ваноста да прекине со сексистичките и расистички напади врз неговата девојка на социјалните мрежи.

Меган ја навредуваа поради голите фотографии на Инстаграм и нејзините улоги, но тоа не влијаеше врз нејзината врска со Хари. Сопружниците заедно присуствуваа на јавни случувања и Меган се откажа од актерската кариера. Во 2018 година ја објавија свршувачката, а протекоа информации дека кралицата не е среќна со изборот на внукот бидејќи Меган веќе била во брак.

Кралското семејство беше шокирано и од нападите на таткото на Меган, Томас Маркл, кој зборуваше лоши работи за својата ќерка и даваше интервјуа во медиумите. Дури го објави јавно и писмото кое неговата ќерка му го напишала, а Меган го тужеше таблоидот Daily Mail, бидејќи го објавиле.

Но, Меган и Хари не беа единствените кои ѝ создаваа главоболки на кралицата, тука се и Кејт и Вилијам. Имено, францускиот магазин Closer во 2012 година објави топлес фотографии од Кејт Мидлтон кои го обиколија светот. КРалскиот пар во 2017 година ја доби тужбата против магазинот кој мораше да им исплати 118 илјади долари отштета.

Принцот Ендрју незгодно ја изненади кралицата, кога протекоа тврдења дека Вирџинија Робертс била принудена да има секс со него кога имала само 17 години. Наскро, тој објави дека се повлекува од кралските должности. Но, тоа не е единствена драма која е поврзана со него. Имено, еден бизнисмен за медиумите открил дек платил околу 500 илјади фунти на Сара Фергусон, за да го поврзе со нејзиниот тогашен сопруг Ендрју.

Принцот Хари пред да ја запознае Меган, постојано нижел скандали. МЕдиумите во 2012 година дојдоа до негови голи фотографии од Лас Вегас. Претходно бил фотографиран во нацистичка облека, а за тоа јавно се извини велејќи дека тоа било костим и дека грешно одбрал.

Слични содржини