230
Грчката владејачка Нова демократија освои 40,8 отсто од гласовите на парламентарните избори во неделата пред левичарската Сириза, која освои 20,1 отсто од гласовите врз основа на над 90 отсто преброени гласачки ливчиња.
Според овие резултати, Нова демократија нема да може сама да формира влада, објави „Ројтерс“.
Грчкото министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство.