99
Русија не ги одобрува активностите на хакери, но тие успеаја да направат јавно достапни информации за тоа што учесници во Олимпијадата земале забранети супстанции, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА Новости.
“Ние не ги поздравуваме активностите на хакери, но благодарение на нив стана јасно дека луѓето кои учествуваа во Олимписките игри, надворешно за сите беа целосно здрави, а се покажа дека земале и забранети лекови кои им даваат очигледно предност во спортската трка “, истакна Путин.