Луѓето треба да бидат повнимателни кон помалку успешните и да останат смирени , додека се обидуваат да изградат социјално иднина за секој. Ова го објави за време на конференција папата Францис, цитиран од “Ројтерс”.

“Во Аргентина има една поговорка:” Власта е како пиење џин на празен стомак ” . Се чувствувам збунето,  се нишаш , губиш рамнотежа и конечно ќе  се повредиш себе си  или оние околу тебе, ако не ја примаш власта со смирение и нежност”, изјави папата Францис.

“Ве молам дозволете ми да го кажам јасно и гласно: колку поголема е власта , толку повеќе твоите активности ќе влијаат врз луѓето, толку поголема е одговорноста ти да работиш смирено. Ако не, твојата власт ќе те уништи и ти ќе ги здробиш останатите “, додаде папата.

Говорејќи на италијански во видео порака на настан во канадскиот град Ванкувер, папата изјави дека често се мачат за болните луѓе, мигрантите, затворениците и невработените . Тој ја истакна потребата од праведно општество.

“Колку прекрасно би било ако растот на научните и техничките новитети доаѓаат заедно со повеќе еднаквост и социјална инклузија. Колку прекрасно би било додека откриваме далечни планети, да ги преоткриеме потребните на браќата и сестрите кои се наоѓаат околу нас “, додаде тој.