Властите алармираат: Се соочуваме со најсилниот бран на ковид-19

од Берта Китинска
272 прегледи

Вчера во земјава беше регистрирани рекорден број на 50 починати од ковид 19. И додека ја чекаме масовната имунизација и за останатите граѓани, во државата се рушат рекорди по број на хоспитализирани пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека здравствениот систем е под огромен притисок како што не бил никогаш, не само во земјава, туку и во светот, бидејќи се соочуваме со пикот на досега најсилниот бран.

„Благодарение на брзата прераспределба, на брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираа и овој удар. Ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита, за што можам да им се заблагодарам за пожртвуваната и посветена работа, изјави Филипче.

Според него нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст на заболени што би било знак дека треба да се воведат дополнителни рестриктивни мерки.

-Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитуваат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките, истакна Филипче.

Филипче уште еднаш упати апел граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, нагласувајќи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 132.740, бројката на оздравени пациенти е 108.197, на починати е 3.860, а бројот на активни случаи изнесува 20.683.

Слични содржини