Властите на ДНР и ЛНР ја повикаа украинската армија да се предаде

од Milan1

Доњецката народна милиција ги повика граѓаните на Украина да побараат од нивните роднини во армијата „да го остават оружјето“.

Нека ги повикаат своите роднини кои моментално се во Донбас вооружени, да го положат оружјето и да си ги спасат животите. „Колку повеќе се спротивставуваат, толку повеќе жртви ќе има“, се вели во соопштението на властите на ДНР, а пренесува Спутник.

Во обраќањето до украинските власти, самопрогласената Доњецка народни републики изјавија дека украинските граѓани немаат од што да се плашат и дека никој нема да пука во цивили.

„Ќе бидат ликвидирани само воените единици кои даваат отпор. Кој и да се предаде, животот ќе му биде поштеден“, се наведува во соопштението, а пренесува „Танјуг“.

Лидерот на ДНР Денис Пушилин изјави дека воената операција наскоро ќе заврши и дека градовите во  Донбас „наскоро ќе бидат ослободени“.

Во исто време, претставникот на Народната милиција на ДНР, Едуард Басурин, изјави дека украинските сили трпат загуби и побара отворање на хуманитарни коридори за давање помош. Тој рече и дека украинската армија не го положила оружјето, дека има многу припадници на вооружените сили и дека ситуацијата е комплицирана, а единиците на националниот баталјон „Азов“ во моментов го блокираат градот Мариупол.

Народната милиција на самопрогласената Луганска народна република соопшти дека е ослободено селото Лопаскино, кое до сега беше под контрола на украинската војска.

Воедно, лидерот на ЛНР, Леонид Пашечник изјави дека ситуацијата на фронтот е напната, но дека армијата на ЛНР напредува според планот.

Слични содржини