Локалните властите на Кан воведоа забрана за носење на костимот за капање буркини на плажите во реонот на овој град на југоистокот на Франција, познат по Канскиот филмски фестивал.
– Им се забранува пристап на плажите, како и капење на сите оние кои не носат вообичаен костим за капање, во согласност со обичаите и начелата на секуларноста и со почитувањето на хигиенските и безбедносните прописи, се вели во одлуката потпишана од градоначалникот на Кан, Давид Лиснард.
Буркини е костум за капење што го носат муслиманските жени, кои ја покрива главата, со исклучок на лицето, како и целото тело од вратот до глуждовите.
Според одлуката на канските локлани власти, костимите за капење кои „нападно ја покажуваат верската припадниост во услови кога Франција и местата за верски обреди се цел на терористички напади, би можеле да го згоолемат ризикот од нарушување на јавниот ред (расправии, теpачки и слично)“.
Првите слични забрани во општини во Франција, Холандија и на други места во Западна Европа, датираат од 2008 – 2009 година. Но тие влијаат претежно за базени за јавна употреба./AFP