Влатко Митков се прости од репрезентацијата

од Vladimir Zorba
334 прегледи

  Влатко Митков синоќа го одигра последниот меч во дресот на ракометната репрезентација на Македонија која со убедливата победа над Чешка 33-20, се пласира на завршницата на Европското првенство во Хрватска следната година.  

35-годишниот Митков кој беше еден од столбовите во одбраната на црвено-жолтите и дел од сите успеси на машкиот репрезентативен ракомет доби пригоден подарок од претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.

Митков во дресот на Македонија настапи на 92 натпревари, а со синоќешниот еден гол против Чешка, за македонската репрезентација постигна вкупно 79 голови.