ВЛЕН прашува: Kој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код „омерта“ за молчење и несоработка со институциите

Кој од ДУИ му се заканува на Груби, соопштија од владејачката коалиција

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин

ВЛЕН денеска преку соопштение смета дека почнува внатрешната пресметка во редовите на ДУИ по враќањето на нивниот член Артан Груби во земјава. Според владејачката коалиција, од една страна се лидерот на ДУИ, Али Ахмети со групата поранешни функционери кои, како што велат, глумат невини и чесни, а од друга страна е Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ.

-Вистина е дека Артан Груби не е “обичен” поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот. Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари, посочуваат од ВЛЕН.

Од коалицијата прашуваат дали стравот од, како што велат, моментот кога сенката на Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања?

-Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код „омерта“ за молчење и несоработка со институциите, истакнуваат од ВЛЕН.

Советот на јавни обвинители не ги коментира прозивките на министерот за правда Игор Филков за одлуката за куќен притвор на Груби. Од Судскиот совет со став-не се исполнети условите за евентуалната одговорност за да ја преиспитува. Продолжуваат и бранувањата на стручната фела.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Башким Селими, воздржан за изјавата на Филков. Забележа што судиите и обвинителите поединечно биле именувани и топката ја префрли кај вишиот и републичкиот обвинител. Селими вели дека Советот може да расправа по ова прашање, но одлуката ја носат повисоките инстанци.

Груби беше приведен во понеделникот откако самиот пристигна на граничниот премин Блаце. По него се трагаше со меѓународна потерница, откако пред 14 месеци ја напушти државава.