„Банда партиски војници на ДУИ влегле во зградата на М-НАВ и нападнале контролори на летање Албанци затоа што дале поддршка на синдикатот против партиските вработувања. Кога Ахмети пее во кабинетот на Груби и си прави журка, во друга државнa институциja баграта на ДУИ дели шлаканици на Албанци зошто се солидаризирале со синдикатот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова е вистинското насилничко и криминално лице на лажните европејци од ДУИ и СДС. Делење тупаници на синдикалци ли е европскиот сојуз на СДС-ДУИ за кој овие две партии се залагаат?
Во која друга европска држава има ваков скандал?
Најостро го осудуваме овој вандалски и криминален чин на ДУИ и СДС.
И сега ли одговорот за овој скандал на Ковачевски ќе биде прашајте ја надлежната институција или ќе преземе конкретни мерки?
Дали со ова е доведен под ризик авио сообраќајот во државата? Додека има летови, во контролата за летови се делат тупаници.
Каде е сокриен безличниот министер за транспорт и врски Бочварски? Ќе каже ли ништо?
И на Албанците им прекипе од ДУИ.
Никогаш не било полошо.
Важно е да ги поразиме!“, додаваат од опозициската партија.