ВМРО-ДПМНЕ бара оставки поради убиството на ракометарот

од Nikola Popovski

Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе. Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, „Спасовски и Ковачевски се дрзнале да прикријат убиство“.

-Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството. Спасовски мора да понесе одговорност. Потребна е оставка веднаш, побараа од „Белиот дворец“.

Слични содржини