ВМРО-ДПМНЕ: Демачи нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје

од Vladimir Zorba

Без никаква дебата, без консултација на граѓаните пред 2 години во советот на градот Скопје насилнички беа преименети скоро 500 улици и мостови и други објекти во главниот град. Дали неспособните од власта на СДСM знаат чив главен град е Скопје, дали на Македонија или на некоја друга држава?, прашуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименета улицата Втора Македонска ударна бригада во име на косовски борец Адем Демачи.

Улицата го добива името на Демачи, кој нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави.

Оттука прашуваме дали советниците на СДСМ знаеле што гласаат во 2021 година во Советот?

Колку други спорни имиња на улици, мостови и булевари има во изгласаните измени на имиња на улици, мостови и булевари?, додаваат во своето соопштение од Белата палата.

Слични содржини