ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе предлог-законот за амнестија

од Vlatko K
140 прегледи

Со барање за скратена постапка, ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе  поднесе Предлог-законот за амнестија за сите обвинети за собраниските случување на 27 април минатата година.ЗА нив тоа е еединствениот пат за помирување кое го најави премиерот Заев и показ дека власта не е за селективна правда. 

СДСМ смета дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е мешање во работата на судството и дека ова прашање треба да се реши преку комисија формирана во Собранието.

Неприфаќање на предлог-законот за амнестија, велат од ВМРО-ДПМНЕ,  е потврда дека власта одработи и иработи на  уцена на дел од пратениците, кои спротивно на својата волја, како обвинети и осудени, не може да донесат одлука по сопствена волја за едно вакво прашање како што се уставните измени, па се приклучија на парламентарното мнозинство со  поддрѓка за уставните промени.

Од друга страна, пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов вели дека разговараат со сите пратеници, и од опозицијата и од владеачката партија и коалицијата за помирување и подавање рака треба да ја спречи поделбата на општеството на партиска или која било друга основа. За него предлог-законот за амнестија е брутален упад во правосудниот систем на Република Македонија. „Не смееме да дозволиме заради политички преписки да го нарушиме принципот на владеење на правото“, рече Костадинов.

Од СДСМ најавуваат формирање на собраниска комисија за помирување која треба да ја води претседателот на Собранието Талат Џафери. Од опозициската пратеничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие нема да учествуваат во работата на една комисија за која не се знае концепцијата за нејзината работа и крајната цел.

Денеска се очекува Владата да ги поднесе и уставните амандмани.

Слични содржини