ВМРО-ДПМНЕ: Изгласан најлошиот буџет во историјата на Скопје, најмногу мед ќе изеде Арсовска

од Nikola Popovski

Вчера, на седница на  советот Град Скопје, по којзнае кој пат излезе на виделина коалицијата помеѓу СДС, ДУИ, Левица и Данела Арсовска, велат од ВМРО-ДПМНЕ за носењето на Буџетот на Град Скопје за 2024 година.

Од партијата велат дека изгласан е досега „најлошиот буџет, во историјата на градот, во кој се укинуваат капиталните инвестиции, се намалуваат субвенциите, со цел да има повеќе пари за криминалците, во кругот на Арсовска“.

-Добро е што граѓаните знаат, дека ова е коалиција на неспособни партии и луѓе, кои делат исти вредности, како криминал, корупција и арогантност. Очигледно сите заедно на куп, си обезбедија мед за цела година, а најмногу мед, секако ќе изеде, главната медарка, Данела Арсовска, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со 25 гласа „за“, еден „против“ и двајца „воздржани“, Советот на град Скопје вчера го усвои градскиот буџет за 2024 година. Во салата присуствуваше минимал број на советници неопходен за да се изгласа буџетот на Град Скопје за наредната година, односно присуствуваа само 28 од вкупно 45 советници.

Слични содржини