ВМРО-ДПМНЕ излезе од средбата за Законот за обвинителство, бараат Јовески да биде присутен

од Aleksandar Todeski

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ излезе на речиси непочнатите преговори за Законот за јавно обвинителство. Не им одговарало тоа што министерката за правда, Рената Дескоска не сакала да го повика Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, кој според нив е важен, бидејќи се работи за Закон кој се однесува за обвинителството кое тој го води.

„Ја поздравуваме иницијативата за средба во поширок формат, со пратенички групи и странски претставници, но овој формат требаше да се случи претходно, а не една недела пред распуштање на Собранието. Предлог законот кој го добивме по четврти пат го цениме како добра основа за преговори за ситгнување до едно подобрено решение за Закон за ЈО. Она што го прелдоживме денеска на работната средба, беа две ницијативи – Да се организира јавна расправа во најбрзо време, каде ќе бидат вклучени професори-експерти, за да не биде само политичката елита која ќе даде инпут во овој предлог и втоарата, бидејќи овој Закон е сериозен, а го разговараме во време на недостаток на денови, сметавме дека е битно на средбата да биде поканет и државниот обвинител, Љубомир Јовески, затоа што на 24 декември, две недели по предлагањето на овој Закон, тој даде изјава дека треба квалитетен Закон, а не решение на дневно-политички преговарања“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Анотнио Милошоски.

Тој кажа дека како преговарачки тим се задоволни што министерката прифатила да има јавна расправа со експерти, но не се задоволни што не прифатила за половина час да го покани обвинителот Јовески да дојде и да разговараат.

Следна средба тие би прифатиле само доколку и обвинителот Јовески дојде да преговара и тогаш ќе ги презентираат нивните предлози.

А.Т.

Слични содржини