ВМРО- ДПМНЕ ја презеде власта во Струмица

од Vladimir Zorba
87 прегледи
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев беше градоначалник на Струмица но се повлече од функцијата по вонредните парламентарни избори СДСМ го изгуби мнозинството во Советот на Општината и не се веќе на власт, истакна на денешната прес-конференција кооординаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Пакетов, пренесе РСЕ.

Според него, оваа советничка група деновиве успеала во своите редови да го придобие кандидатот советник од ВМРО-НП, со што го добиле потребното мнозинство од 12 советници, наспроти во моментов 10 на СДСМ. Тие бараат одржување итна седница, избор на нов претседател на Советот и нов градоначалник.

„Бараме итно да се свика седница на Советот со која ќе се верификува новото советничко мнозинство и ќе се избере нов претседател на советот. Ќе побараме избор на нов градоначалник на општина Струмица затоа што Зоран Заев нема легитимитет, не е веќе власт во Струмица,“ рече Пакетов.

СДСМ го осуди ваквиот чин како неморален, посочувајќи дека таквиот потег на советникот кој преминал во редовите на ВМРО-ДПМНЕ е во најмала рака е манипулација без преседан.

„Се поставува прашањето, како тоа, по безмалку четири години победничко мнозинство, на прагот на новите локални избори, господинот Витанов одлучува да го погази сето тоа што го сторил во изминатиот период, заедно со советниците на СДСМ. Ова е срамен чин и секој коментар би бил излишен,“ вели Марјан Даскаловски од СДСМ.

Од СДСМ досега не излегоа со коментар по новонастанатата ситуација. На последните локални избори за градоначланик беше избран Зоран Заев кој по парламентарните избори се повлече, па на негово место како беше поставен неговиот заменик Костадин Костадинов./РСЕ