ВМРО-ДПМНЕ: Македонија доживува економски колапс

од desk2

Најодговорните за катастрофалната економска состојба мора да си заминат и да ги препуштат местата на некој што нема да краде и да работи само во личен интерес, туку ќе знае како да и помогне на државата и граѓаните, пораќува опозициската партија.

„Црното економско трио Заев, Анѓушев и Тевдовски ја втурнаа во тешка економска криза Република Македонија. Неспособната власт на СДСМ ја доведе државава до самото дно. Растот на БДП од 0.1% е уште доказ за немањето капацитет за справување со економските предизвици. Додека земјите од регионот и Европа бележат значителен раст на нивните национални економии, Република Македонија доживува економски колапс“, се вели во соопштението.

Катастрофалниот раст на БДП од 0.1% дополнително загрижува ако се знае дека инфлацијата изнесува 1.5% што значи дека граѓаните се дополнително посиромашни од минатата година. Продуктите се поскапи, а цените повисоки. Ценовниот притисок го чувствува секое семејство на оваа држава.

Република Македонија и нејзините граѓани заслужуваат подобро, сметаат од опозицијата.

Слични содржини