ВМРО-ДПМНЕ: Менувањето на изборниот модел набрзина пред избори е преседан

од Ивана Рамаданова
310 прегледи

Зоран Заев е исплашен од претстојниот изборен пораз затоа што знае дека тоа ќе значи крај на амнестијата на криминалот и отворање на сите коруптивни скандали на власта, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР, ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз. Дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните“, велат во соопштението.

Од таму велат дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан и надвор од сите правни пракси, каде за истото е потребно да се усогласиме со препораките од ОБСЕ.

„Манипулирањето дека сега ВМРО-ДПМНЕ е виновен што Заев не може да исполни едно ветување со кое што ги лажеше граѓаните пред 2016 година е само уште една во низата измами. ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече поднесените 600 амандмани. Наместо лицемерни изјави очекуваме Заев да им се извини на помалите коалициски партнери кои ги измами и да го повлече предлогот“, се додава во соопштението.

 

Слични содржини